Учениците и професорката повредени во пукањето во Белград закрепнуваат: Директорот на болницата ја откри нивната состојба

Добивај вести на Viber

Директорката на КЦС д-р Милика Ашанин рече дека тројца од четворицата повредени кои се наоѓаат во Ургентниот центар се сосема добро, дека се будни и дека лекарите разговараат со нив. Станува збор за двајца ученици и еден наставник.

„Што се однесува до четвртиот пациент, тој е донесен со тешки, сложени, прострелни повреди на градниот кош, вратот и кичмата, имаше две операции. Тој е подобар, буден е, но мора да бидеме многу внимателни и да го квалификуваме како пациент во критична состојба. Денеска ќе имаме серија контролни прегледи и снимки за да ги видиме ефектите од операциите“, изјави д-р Ашанин.

Инаку, утрото по страшниот настан во ОУ „Владислав Рибникар“, голем број граѓани дојдоа уште еднаш да им оддадат почит на загинатите ученици со палење свеќи.

Коста К.(14) вчера рано наутро со пиштол провалил во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград и со пиштолот на својот татко убил девет лица. Го убил училишниот портир и осум ученици, додека шестмина повредил.

Како што подоцна беше соопштено, осомничениот ученик го планирал делото во својата соба еден месец, ја знаел шифрата на сефот во кој татко му го чувал оружјето, а отишол дури и до стрелиштето каде вежбал пукање. Она што е сигурно е дека Коста К. изминатиот период вежбал пукање, што го објаснува фактот дека 14-годишното момче знаело да ракува со оружје. Сос ебе носел два пиштоли и сменил чарџери.


Фото: Youtube - screenshoot

„Мојот син го знае момчето што пукаше, тој беше жртва на врсничко насилство, колку што знам го малтретираа пријателите“: Познат писател за масакрот во Белград