Учесничката на „Х-Фактор“ која го расплака Балканот повторно бремена: Тамара Милановиќ направи црковна венчавка со сопругот и крштевка за ќерката

Добивај вести на Viber

Во 2013 година, на Балканот му се случи првата сезона на најпознатото музичко натпреварување во светот „Х – Фактор“. Натпреварувачите од четири држави – Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора – се потрудија со своите гласовни способности да го воодушеват тогашно жири, но и публиката и да се пласираат што е можно повисоко.

Помеѓу многубројните аудиции, покрај онаа на победникот – нашиот Даниел Кајмакоски, особено се издои и онаа на Тамара Милановиќ, тогаш 25– годишна студентка, која со емотивната изведба на „Don’t you remember?“ го расплака целиот Балкан, но и членовите на жирито. 

Денес скоро 10 години подоцна, Тамара е позната под псевдонимот „Lilliewah“. Таа минатата година официјално стапи во брак со сопругот, а подоцна на свет го донесе и нивното прво дете, ќерката.

Овој пот најновите фотографии на Инстаграм покажаа дека Тамара направила крштевка за ќерката, но и црковна венчавка со сопругот. Покрај тоа се забележува дека веќе е во подмината бременост и дека наскоро ќе стане мајка по втор пат.

Инаку мајката и ќерката за овој специјален ден беа облечени во фустани со иста боја.