Учесничката на „Х-Фактор“ која го расплака Балканот стана мајка: Тамара Милановиќ на свет ја донесе првата ќерка (ФОТО)
Во 2013 година, на Балканот му се случи првата сезона на најпознатото музичко натпреварување во светот „Х – Фактор“. Натпреварувачите од четири држави – Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора – се потрудија со своите гласовни способности да го воодушеват тогашно жири, но и публиката и да се пласираат што е можно повисоко.
Помеѓу многубројните аудиции, покрај онаа на победникот – нашиот Даниел Кајмакоски, особено се издои и онаа на Тамара Милановиќ, тогаш 25– годишна студентка, која со емотивната изведба на „Don’t you remember?“ го расплака целиот Балкан, но и членовите на жирито.
Денес скоро 10 години подоцна, Тамара е позната под псевдонимот „Lilliewah“. Пред крајот на минатата година, таа на своите социјални мрежи објави дека е бремена и го очекува своето прво бебе со партнерот, кого често го споделува на својот профил.
По свадбената веселба која ја организираа во јануари оваа година, Тамара и нејзиниот избраник сега имаат уште еден голем повод за славење. Имено, пејачката на свет го донесе своето прво дете - ќерка, на која уште не ѝ го откри името.Среќни вести ги споделија нејзините најблиски пријатели и роднини на социјалните мрежи, со фотографија на која Тамара позира со својата наследничка.
фото: Принтскрин / Инстаграм