Трудничкиот стомак ја засени и венчаницата: Учесничката на „X Фактор“ која го расплака Балканот, се омажи (ГАЛЕРИЈА)

Добивај вести на Viber

Во 2013-та година, на Балканот му се случи првата сезона на најпознатото музичко натпреварување во светот „Х – Фактор“.

Помеѓу многубројните аудиции, покрај онаа на победникот – нашиот Даниел Кајмакоски, особено се издои и онаа на Тамара Милановиќ, тогаш 25– годишна студентка, која со емотивната изведба на „Don’t you remember?“ го расплака целиот Балкан, но и членовите на жирито. 

View this post on Instagram

A post shared by (@lilliewah)


Денес 9 години подоцна, Тамара е позната под псевдонимот „Lilliewah“  живее на релација Доха – Белград. Пред извесен период таа на своите социјални мрежи објави дека е бремена и го очекува своето прво бебе со партнерот, кого често го споделува на својот профил.

View this post on Instagram

A post shared by Ivana (@djoriceva_)


Вчера пак тие направија свадбена веселба, а бремената Тамара беше прекраснта невеста.