Учителките ќе полудат за брзо време, а дишењето во маска 2-3 часа е сериозен удар врз имунитетот на детето: Миа Костова се одлучи за онлајн настава
Поранешната водителка на „Бекстејџ“ се огласи на темата „Настава на училиште или онлајн“, на својот профил на Фејсбук.
„Потпишав следење на он лајн настава, за Андрија, само и единствено заради мерките и протоколите како и задолжителното носење маска за цело време додека трае наставата. На деца од 6,7 и 8 години? Ниту сметам дека има социјализација на ваков начин ниту сметам дека ова воопшто може да се почитува на таа возраст, сметам дека учителките ќе полудат за брзо време и крајно сметам дека дишењето во маска 2-3 часа е сериозен удар врз имунитетот на детето кое ем ќе се разболува почесто ем после сето ова ако воопшто има крај ќе биде болно на развигорче ветер. И уште ме интересира дали на секоја температура во одделение на било кое дете од џеб ќе треба да плаќам по 4000 денари за да сум мирна? Он лајн или после сите журки, религиозни збиранки, аеродромски лумперајки ќе оди во школо нормално како и лани. Толку. Со среќа нова школска година!“
Неодамна Миа откри дали има нова девојка, односно дали Тијана Скулиќ, младата девојка која постојано ја гледаме во друштво на водителката и синот Андрија е нејзината нова љубов.
Таа јавно зборуваше и за краткиот брак и двата спонтани абортуси кои ги имала на млади години.