Со голема веројатност се очекува дека летото 2024 ќе биде топло и сушно. Според анализите за целиот југоисточен регион на Европа, се очекува летните температури да достигнат натпросечни вредности. За територијата на Република Северна Македонија постои многу голема веројатност за надминување на температурите од многугодишните просечни вредности и до 3°C. Најголемото позитивно отстапување на температурата на воздухот од повеќегодишните просеци за оваа сезона се очекува да биде во месец јули, покажува анализата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Целата вест прочитајте ја на Фактор.