Украл сендвич, па поднел оставка: Словенечки пратеник топ-тема во регионот

Добивај вести на Viber

Дарио Крајчич (54), словенечки пратеник од редовите на владејачката ЛМШ, си поднесе оставка на барање од лидерот на неговата партија откако не платил сендвич во маркет, иако тврди дека намерите не му биле да го украде. Крајчич наводно, одлучил да ја напушти продавницата без да плати, бидејќи, како што им изјави на медиумите, чекал на касата три минути, иако имало тројца вработени.

Се почувствував како да сум невидлив ветар. Жалам за социјалниот експеримент што го направив - раскажал Крајчич кој во меѓувреме се вратил да го плати сендвичот.

По реакциите во јавноста, партиското раководство го осуди чинот како неприфатлив и побара пратеникот да си поднесе оставка. ЛМШ е една од петте партии на власт кои формираа коалиција во словенечкиот парламент.