“UNIBank Invitational” - Тридневен турнир во тенис организиран од УНИБанка
Изминатиот викенд, УНИБанка во соработка со тенискиот клуб АБЦ Мондано, организираше аматерски тениски турнир под името UNIBANK INVITATIONAL 2021.
Вкупно 80 учесници, клиенти и соработници на Банката и на тенискиот клуб АБЦ Мондано, на 4 теренски терени се натпреваруваа во 3 категории: деца (црвен и портокалов турнир), мажи и жени возрасни.
Во пријатна атмосфера, сите три дена, натпреаварите ги следеа поголем број на поканети гости заедно со нивните семејства. Покрај натпреварите, беше организиран бесплатен час по тенис за децата гости. Настанот беше заокружен со коктел дружење по повод успешната организација, одличниот дух за игра и одзивот за настанот.
“Благодарност до сите кои ја прифатија поканата и земаа учество на турнирот во тенис. Благодарност до сите гости кои го следеа настанот и придонесоа за одличната атмосфера. За нас организацијата на турнирот беше едно ново и уникатно искуство кое го организиравме со огромно задоволство. Се надеваме дека од година во година интересот ќе биде се поголем а организацијата се подобра, а настанот би прераснал во традиција.” - изјави Александар Маневски, директор на Дирекцијата Стратешки клиенти во УНИБанка.
Членовите на Управен Одбор на Банката лично доделија вредносни награди з победниците како и дипломи за сите учесници. Во категоријата деца, првопласираниот доби штедна книшка со 6.000 денари, а второпласираниот штедна книшка со 3.000 денари. Во категоријата возрасни мажи и жени, првопласираните беа наградени со платено патување за двајца во Хотел Кемпински Гранд Арена во град Банско.
ПР објава