Уникатната изложба “Во земјата на змејовите” дојде во Скопје
После турнејата од неколку европски градови, од 21. март до 21. април, уникатната изложба “Во земјата на змејовите” стигнува и во Скопје. Сите посетители на Скопје Сити Мол ќе можат да ја видат и да ја доживеат оваа несекојдневна изложба, која што е исклучително ретка прилика.
“Во земјата на змејовите” е оригинална изложба, единствената од овој вид во однос на поставка и на изработка. Оваа изложба ги претставува змејовите на сопствен креативен начин и ќе им овозможи на посетителите да се соочат лице во лице со овие неверојатни и мистични ѕверови.
Змејовите им се добро познати на сите од најмала до најстара возраст. Тие се појавуваат низ митологијата, а нивните застрашувачки слики можат да се најдат во многуте приказни кои раскажуваат за овие фантастични суштества.
Изложбата се состои од огромни скулптури на змејови, џиновски јајца на змејови, витешки оклопи и други разоткривања на мистеријата. Во рамките на програмата ќе се организираат и едукативни тури за најмалите секој петок од 18:00 до 20:00 часот, сабота и недела од 13:00 до 15:00 и од 18:00 до 20:00 часот каде ќе дознаат многу нешта за овие чудесни суштествакако и работилници за деца кои ќе се одржуваат секоја сабота и недела од 12:00 часот.