Уникатно: По пет години врска на далечина, девојката на оригинален начин го пречека своето момче на аеродромот (ВИДЕО)
Луѓето често
наоѓаат уникатни начини да ја покажат љубовта кон своите партнери.
Многумина веруваат дека врските на далечина не можат да опстанат, особено кога станува збор за партнери кои се разделени со години. Но, еден пар покажа дека ако е вистинска љубовта може да ги издржи сите препреки.
На видеото кое стана вирално, девојка на креативен начин, во свечен фустан со танц му посака добредојде на своето момче.
На почетокот на видеото се гледа како младиот човек пристигнува на аеродром и турка количка полна со багаж. Потоа му приоѓаат неколку млади луѓе и му подаруваат рози. Додека излегува, постојано бара некого, а потоа пред него се појавува девојка која заводливо танцува.
Момчето е пријатно изненадено и ужива во нејзиниот танц, а потоа и приоѓа и ја прегрнува, додека минувачите зачудено ја гледаат оваа необична сцена.
Фото:Инстаграм