Уникатно задоволство: Спејко со неговата љубов во посета на Големата џамија Шеик Зајед во Абу Даби

Добивај вести на Viber

Поранешниот победник во реалното шоу „Големиот брат“, Дарко Петковски Спејко и неговата партнерка Хрисанта Монева веќе извесно време живеат во Дубаи.

Судејќи според фотографиите кои ги објавуваат на нивните Инстаграм профили уживаат во убавините што ги нудат Обединетите Арапски Емирати.

Парот ја посети туристичката атракција Големата џамија Шеик Зајед која има повеќе од 80 мермерни куполи што ги држат столбовите на 1000 и се пунктирани од четири високи минариња на 107 m. Оваа џамија е една од ретките во регионот достапна за немуслиманите. Повеќе од 90,000 тони мермер се користени при изградбата на џамијата.Оваа туристичка атракција е бесплатна за посета.

Фото: Инстаграм