Упаднале во 1ТВ, сакале да се пресметат со Сергеј Варошлија

Добивај вести на Viber

Насилен упад се случил синоќа во просториите на 1ТВ, информираат од телевизијата.

- Четири млади лица на возраст од околу 25 години и покрај затворената капија на дворот, успејаа да влезат во просториите барајќи го водителот Сергеј Варошлија. Првично се претставија како негови роднини, но нашите вработени лица го забележаа нивниот очигледен револт, а сомнително беше и тоа што бараа негов телефонски број како и времето кога доаѓа и заминува нашиот колега - велат од 1ТВ.

Менаџментот на телевизијата се надева дека органите на прогонот во најскоро време ќе го расчистат случајот и ќе ги санкционираат напаѓачите.