„Успешно искачен врв“: Андријана Јанавеска со нов авантуристички предизвик

Добивај вести на Viber

Пејачката Андријана Јанавеска со нов авантуристички предизвик.

Успешна во она што е нејзина примарна професија, но и доста активна кога станува збор за спорт.

„Успешно искачен врвот на Копаоник, 2017 метри“, напиша Јаневска на фотографијата.

Копаоник е еден од поголемите планински венци во Србија кој се наоѓа во централниот дел на земјата со мал дел во Северно Косово. Највисока точка е Панчиќев Врв (2017м).

Андријана ужива на Копаоник заедно со нејзините синови Димитар и Кристијан. Пешачење, чист воздух и релаксација во сауна, вака пејачката ги поминува заедничките моменти со синовите.

Фото: Инстаграм

РЖМ