УСПЕШНО ЗАВРШИ ХУМАНИТАРНАТА АКЦИЈА „ВОЛШЕБНО ВЕЛИГДЕНСКО ДРВО” ВО РАМСТОР МОЛ
Непосредно пред велигденските празници, традиционално и оваа година се одржи хуманитраната акција „Волшебно велигденско дрво“ која траеше од 12.04.2021 до 27.04.2021 во Рамстор Mол.
Оваа хуманитарна акција беше наменета за корисниците од Дневниот центар за лица со церебрална парализа и Дневен центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години “Пролет“, а беше оранизирана и овозможена благодарение на Црвен крст на Град Скопје и Рамстор Mол во соработка со ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи на град Скопје, а поддржана од Комерцијална банка АД Скопје.
Подароците од хуманитарната акција кои беа собрани со помош на посетителитена Рамстор Мол се предадени на корисниците од Дневниот центар за лица со церебрална парализа и Дневен центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години “Пролет“, а со тоа им се исполнија нивните скромни желби и ги дочекаа со насмевки подароците во пресрет на велигденските празници.
Организаторите се заблагодарија на сите оние кои заземаа учество во оваа хуманитарна акција, а воедно ги поттикнуваат и останатите кои не успееа оваа година да се вклучат во оваа акција, во иднина да бидат и они дел од настани од ваков карактер, за да можеме заеднички да ја подигнеме свеста за надминување на предрасудите и стереотипите за лицата со пречки во развојот.