Утринско кафе со Анастазија Стојмановска: Ме исполнуваат креативни луѓе со свои мислења и ставови
Мојот ден започнува многу рано со домашни обврски, подготвување на мојот син Никола за на училиште кој е трето одделение и ќеркичката Ања која има 2 години.
Првото утринско кафе го пијам со моите колеги, со моите Бонатки разменуваме различни мислења и ставови за нашиот бренд и за презентирање на робата која ја нудиме на пазарот, за тековните акции кои ги имаме секоја недела, најразлични и најинтересни за нашите купувачи.
Додека го пиеме првото кафе си ги делиме работните обврски за претстојниот ден, сѐ со цел нашите купувачи да бидат исполнети и задоволни.
Ме исполнуваат креативни луѓе со свои мислења и ставови, моите дечиња кои ми го прават секој ден поубав, а исто така ме исполнува пешачење и прошетка за позитивна енергија.
Денот ми завршува во кругот на моето семејството, споделувајќи интересни моменти и со мисла дека секој нареден ќе биде поуспешен! За викендите може и чаша добро црно вино со мојот сопруг и пријателите!
(*Анастазија Стојмановска- специјалист за администрација во „Bonatti“)