Утринско кафе со Антоанета Кимовска: Не се расправам, докажувам

Добивај вести на Viber

Денот ми започнува секогаш со здрав оброк, со смути или овесна каша. А, првото кафе често го пијам сама, пиејќи го првото утринско кафе го планирам денот и обврските што следат.

Мотиватор кој ме води е најчесто околината. Размислувањето за другите е она што ме тера да се докажам и да се стремам кон повеќе. Јас го извлекувам најдоброто од сите ситуации во кои треба да се издвојувам меѓу другите. Не се расправам, докажувам.

Покрај работа, дневни планови и обврски секое утро имам и утрински тренинг,а слободното време сакам да го поминувам во кругот на најблиските, со муабет и  кафе, но секогаш наоѓам време и за подготовка на  здрави оброци. Оброци кои ми е најголемо задоволство кога ги поделувам со најблиските а и јадењето е многу повкусно кога е во друштво.

Денот најчесто го  завршувам со кафе и  пријатели, но зависно денот може да го завршам и слушајќи музика или да се опуштам на креветот со добра книга и топол чај.

Слободното време многу ретко го користам за да гледам филм, ако имам слободно време наместо филм секогаш одбирам добра книга. Повеќе ме држат будна книгите.


(Антоанета Кимовска - фитнес инструктор)