Утринско кафе со Билјана Трајковска: Задоволство ми е кога клиентите се среќни

Како на сите други така и мене денот ми започнува со утринско кафе, кое најчесто го пијам или сама во тишина или со мојот сопруг, зависно како ни налагаат обврските.

Со самото доаѓање на работа почнуваат плановите и обврските. Пред сѐ, средување на салонот за клиентите при самото влегување да бидат воодушевени од производите кои можеме да им ги презентираме. Должност, а и задоволство ми е да им го понудам целокупниот голем асортиман со кој располага „Bonatti“, а најголемо задоволство ми е кога самиот купувач ќе биде задоволен од понуденото и ќе излезе среќен од нашата продавница.

Ме мотивираат позитивни луѓе и позитивни мисли. А како вработена во бренд за долна облека, ме воодушевуваат луѓето кои се грижат за својот изглед, особено кога станува збор за долна облека, без разлика дали избираат чипка или нешто секојдневно, а сепак модерно.

Денот ми завршува со позитивна мисла дека секој нареден ден ќе биде подобар од претходниот. Вечерта ја минувам со моите најмили - сопругот и моите две деца Филип и Јана. Сакам книги и читам секогаш кога имам слободно време.

(* Билјана Трајковска- „sales manager“ во „Bonatti“)