Утринско кафе со Дарко Ристески: Ретко имам време за оброк

Кај мене денот без кафе никако не може да започне, понекогаш и две кафиња не ме разбудуваат ко што треба, зависно како сум поминал вечерта ... Скоро секој ден, штом станам, пијам кафе, се туширам, па може да ми започне денот.

Ретко имам време за оброк, а кога јадам најчесто го правам тоа надвор од дома, скаран сум со кујната. 

Моја мотивација се секогаш светските трендови, кој нас секогаш доцни. Сакам опуштени фризури, лелеави моменти на разиграна коса.

Си ја сакам работата и целосно се посветувам во неа, а задоволството на нашите клиенти е мојот двигател, ме исполнува насмевката и задоволниот поглед кај клиентите.

Приватните обврски ги завршувам во слободни денови.

Работниот ден го завршувам малку уморен, но задоволството од среќна клинетка ме полни со енергија и сила за нови предизвици, нови фризури а пред се со долгорочни пријателства.

Со кого го завршувам денот, е малку дискутабилно и сметам дека е моја приватност, која во нашето општество е табу тема.

Со книгите не се дружам често, но последната книга што ја имам прочитано е Малиот принц, книга која ми ја подари пријател, а инаку, варијанта филм за мене секогаш е идеална после напорен ден.


(Дарко Ристески - фризер колорист)