Утринско кафе со Дивна Милковска: Позитивната мисла е мојот двигател за добро сработен ден

Денот ми започнува со позитивна мисла, мисла која ќе ме потсети зошто е добро да му се заблагодариме на бога за секој нов ден, за секое утро што сме се разбудиле, за убавините кои ги нуди животот. Потоа секој ден како ритуал ми е, пијам топла вода со лимон и слушам музика. 

Првото кафе го пијам најчесто сама во кафе бар каде уживам во аромата на кафе и го планирам денот. Може да бидам мотивирана од инспиративни мисли од мудри личности .. но најмногу од сè ме мотивираат моите две мали ангелчиња. Иако се мали, секогаш научувам нешто ново од нив. 

 Живееме во општество во кое времето значи се, тешко е да се најде баланс помеѓу обврските кои ги имам во домот и задачите кои ги имам на работното место, но со добра организација успевам да ги завршам и задачите и обврските. 

И двете дечиња посетуваат градинка и откага ќе се земеме, секогаш првиот половина час го поминуваме во галење и мазење (за да надокнадиме за времето додека биле во градинка, а мама на работа), потоа следуваат активности во семејството кои скоро секогаш ги правиме заедно четворицата, дел од денот кој според мене е најубавиот дел од денот, време само за нас. Готвиме, боиме, играме, гледаме цртани, уживаме во моментите кои кратко траат, но се највредни. 

Време на крајот од работниот ден многу ретко ми останува за гледање на некој филм, но отккао ќе заспијат сите и конечќно мама има време за себе, се релаксирам со добра книга и секогаш со чај.


(Дивна Милковска - Сопственик на кафе бар)