Утринско кафе со Драган Гоцев-Даци: Љубовта е моја движечка сила, извор на енергија и убавина
Утрата за мене се магични, го обожавам утрото, ова е делот од денот што го посветувам само за себе. Откако ќе се разбудам, најпрво пијам лимон, а потоа и моето омилено македонско кафе, а со првото утринско кафе започнувам да ги планирам своите ангажмани и активности за денот. Околу еден час ги планирам обврските, сепак на еден оранизиран човек му е планирано и времето за спиење.
Кафето секогаш го пијам со музика.
Љубовта е моја движечка сила, извор на енергија и убавина, мислам дека генерално тоа е она што ме мотивира, секако и насмеаните лица на моите клиенти.
Дневните планови за деновите кога сум на работа се едноставни, влегувам во салон и речиси цел ден го поминувам таму опкружен со клиенти. Понеделник е ден кога не работам, тој ден е резервиран за козметички третмани и ручек со мојата најдобра пријателка Љупка Митрова.
Во текот на работната недела 2 часа навечер оддвојувам за вежбање, потоа се релаксирам и опуштам мускули со масажа која ми доаѓа како награда за успешно завршен ден, многу ретко излегувам и практикувам домашни седенки со најблиски. Сакам кога вечерите ги поминувам мирно со друштво.
Обожавам да гледам филмови, но таа привилегија на слободно време за гледање филм ја немам.