Утринско кафе со Ерина Богоева: Се радувам на наградата „13 Ноември“ за монографијата за Скопје
Денот ми започнува со тишина и јога вежби за истегнување и загревање, па потоа со кафе или какао и разгледување на обврските за денот.
Потребата за создавање и изразување ме мотивира секој ден. Имам многу среќа да го работам она што го сакам и секое утро со радост станувам за да фотографирам и да ги пренесувам моите знаења.
Секој
ден ми е различен. Или сум на терен и фотографирам или држам часови или работам
од дома со часови на ретуширање. И секој ден си има своја убавина.
Денот
најчесто ми завршува со некоја ТВ-серија во друштво на партнерот. Денеска, ќе
има посебен завршеток, имено во Национална опера и балет, ќе ја имам честа да
ја добијам престижната награда „13 Ноември“ за мојата монографија „Скопје –
Архитектурата како фотографска скулптура (1963 ‒ 1990)“, која е во издание на
„Арс Ламина – публикации“, на што многу се радувам.
( *Ерина Богоева- фотографка)