Утринско кафе со Иван Јованов: Денот го почнувам со протеински шејк со брат ми

Добивај вести на Viber

Денот не го почнувам со кафе, го почнувам со овошје и протеински шејк кој го пијам со брат ми. 

Дневните обврски ми се вртат околу бендот. Секогаш се различни, но во принцип два часа од денот гледам да поминам во теретана, еден час да играм фудбал со пријателите.

За разлика од останатите професии, карактерот на мојата професија е таков што ние работиме во доцните попладневни или ноќни часови, така да најчесто сум со колегите од бендот или доколку немаме настап времето го поминувам со моите најблиски. Сакам да гледам и филмови.

(Иван Јованов- пејач)