Утринско кафе со Ивана Наумоска: Ме мотивира тимската работа

Првото утринско кафе обично го пијам сама, штом пристигнам на работното место. Со првите голтки кафе денот може да започне, а со тоа и работните обврски кои следуваат во текот на денот.

Изворот на мотивација е во сѐ околу нас. Ме мотивираат првите сончеви зраци рано наутро, да го зграпчам денот и да извадам максимум. Ме мотивира животот, целите што си ги имам поставено, идеите и соништата. Ме мотивираат позитивни луѓе со убава енергија. Професионално ме мотивираат колегите од тимот, тимската работа, пријатната работна средина, а пред сѐ насмевката на задоволните купувачи.

Откако ќе завршам со работните обврски преферирам второто кафе да го пијам со поглед на езеро во друштво со пријатели или семејството. Попладне секогаш наоѓам време за во теретана.

Денот ми завршува со неколку страници добра книга, удобни пижами и топла наметка од мојот омилен бренд „Bonatti“.


(*Ивана Наумоска- „sales manager“ во „Bonatti“)