Утринско кафе со Јелена Рајчин: „Bonatti“ е мојот омилен бренд

Денот го почнувам рано, а со планирањето и припреми почнувам претходната вечер. Иако не сум утринска личност, научив навреме да станувам за да извлечам максимум од денот, да не дозволам денот да ме консумира мене. Станувам рано за да имам време во тишина за себе, за Бог и за пишување на утрински страници, да се ослободам од мислите, да допрам до креативното јас.

Додека маж ми спрема еспресо за него, јас спремам чај за мене. Секој се повлекува во свое ќоше со топол напиток без да размениме ниту еден збор. Тишина и време за себе е свето нешто за двајцата и се разбираме во врска со тоа.

Голем љубител сум на чаеви, билни инфузии, зачини и големи шолји. Никогаш не се доста. Со години чекам на некој да му текне да отвори „tea house“ во Скопје.

Мотивација и креативност е секаде околу нас и во нас. Ја пронаоѓам во малите нешта. Некогаш е тоа љубезност на непозната личност, убаво време, исполнетост со здравје и енергија.

На работа, колку и да звучи како „cliché“, кога купувачот е задоволен од услугата и го изрази тоа, ме прави да „пораснам” малку и ме мотивира да се трудам уште повеќе. Задоволство ми е кога купувачите се слободни да побарат помош додека избират градник. Ние сме тука да пронајдеме корпа, големина и модел што одлично ќе стои.

„Bonatti“ беше мојот омилен бренд уште пред да се отвори првиот продажен салон во Скопје. Кога и да патував за Србија да го посетам семејството, неизоставна беше посета на „Bonatti“ и купување за маж ми и мене. Бев восхитена како мало дете, кога открив да „Bonatti“ постои и во Скопје.

Се грижам за изгледот на продажниот салон во кој што работам, се да функционира според стандардите и правилата на брендот, да биде привлечен за купувачи.  Покрај дневните обрвски кои ги споделуваме со колешката, важна ни е секоја личност што ќе влезе во нашиот простор да се чуствува добродојдено и пронајде нешто по сопствен вкус.

По завршување на обврските на работа и дома, одвојувам малку време да работам на некој креативен проект или да научам нешто ново. Со маж ми рекреативно трчаме неколку пати неделно и активно учествуваме во трки. Денот го завршувам со планирање и припрема за утрешниот ден, опуштање со неколку страници од книга или со епизода од по кој знае кој пат изгледаната серија „The Big Bang Theory”.

Дефинитивно, сакам книги. Гледање на филмови е резервирано за викенди. Освен пред спиење, време за читање е време кога патувам со автобус на работа и дома. Не сум љубител на белетристика. Обично се навраќам на книги од познати писатели од класична англиска и руска книжевност. Во зависност од интересите, читам литерарура на одредени теми. Моментално завршени прочитани книги од областа на уметностa е одлична книга од Julia Cameron „The Artist’s Way” и „The War of Art” од Steven Pressfield.


(*Јелена Рајчин- -„sales manager“ во „Bonatti“)