Утринско кафе со Милена Крстеска: Ме мотивира убавата енергија на моето работно место

По природа сум ранобудец, па денот ми започнува во раните утрински часови. Утринското кафе секогаш го пијам со моите блиски, дали е тоа сопругот или колегите на работа (во зависност која смена сум). Убаво е и кафето кога го пијам со веќе блиски и задоволни клиенти во „Bonatti“.   

Кога сме кај мотивацијата, ме мотивира семејството, но и убавата енергија на позитивни луѓе на моето работно место. Предизвик е да работиш со убави луѓе, а воедно да ги направиш уште поубави и посреќни со убава и квалитетна долна облека каква што имаме во „Bonatti“. 

Може да имам многу дневни планови, меѓутоа приоритет секогаш има работното место, па затоа секогаш сум подготвена да ги задоволам клиентите со убава презентација на квалитетните колекции. Оваа работа покрај убавината на прекрасни модели, бара насмевка и убава услужливост.

Вечерта сакам да ја поминам во убава семејна атмосфера, со вечера подготвена од мојот сопруг што готви преубаво, и чаша вино. Често знам  да бидам во друштво на моите блиски другарки да уживаме во кино, театар, концерт и добра рок свирка.

Сакам да прочитам добра книга секако, а кога сме кај филм обожавам комедија.

(Милена Крстеска- „sales manager“ во „Bonatti“)