Утринско кафе со Милкица Шимуновиќ: Вечерта ми завршува во најубавите пижами на „Bonatti“

Денот ми започнува со мирисот на македонско кафе, кое најчесто го подготвува мојата мајка. Сакам кога утрата ми започнуваат со пријатен и искрен разговор.

Децата се мојата енергија, љубов и сила, која ме води низ животот. Мојата работа е место каде што се пронајдов во целост. Меѓусебната соработка во тимот на „Bonatti“, позитивната енергијата, насмеаните лица на задоволните купувачи, во потполност ме исполнуваат. Секој ден е нов предизвик и мотивација за нареден.

Секојдневните обврски почнуваат рано наутро, со испраќање на децата во училиште и планирањето на работниот ден. 

Дадена ми е можноста, постојано да ги организирам, мотивирам со доволна доза на позитивна енергија сите во тимот на „Bonatti“.

По завршувањето на работниот ден, вечерта сакам да ја поминам во опуштена и мирна атмосфера. Вообичаено со семејството или со моите драги пријателки. 

Но најчесто ми завршува во најубавите пижами на „Bonatti“, затоа што никогаш не знам кого ќе сретнам во соништата. 

Сакам да прочитам некоја добра книга, да гледам некој добар филм, но често се случува филмот да ме гледа мене.


(*Милкица Шимуновиќ- раководител на малопродажба во „Bonatti“)