Утринско кафе со Тамара Ристеска: Задоволните купувачи се мојата мотивација за уште подобар ден

Добивај вести на Viber

Како што рекле ,,денот по утрото се познава'' така што ИНСИСТИРАМ денот да ми започне со насмевка, позитивна мисла и позитивни луѓе.

Првото утринско кафе го пијам најчесто дома со сопругот правејќи планови за денот што следи. Бидејќи сум мајка на шестгодишно детенце денот започнува со него, па потоа следуваат и работните обврски.

Секојдневната дружба со ведри лица, комуникацијата со мојот тим и задоволните купувачи се мојата мотивација за уште подобар ден. Позитивната енергија и насмевката ако ја подариш на тие околу себе, е уште послатка.

Денот ми завршува со моето семејство. Разговорите и импресиите од веќе изминатиот ден знаат и да потраат, но секако добриот филм и удобноста од мојот бренд „Bonatti“ не се изоставени од моето секојдневие.


(* Тамара Ристеска -„sales manager“ во „Bonatti“)