Утринско кафе со Тања Бошкова: Верувам во профит, а не во плата

Денот по утрото се познава! Се будам со благодарност и љубов во душата, со позитивна мисла и насмевка што порано. Првото утринско кафе без шеќер и без млеко и секогаш со чаша вода со лимон, понекогаш го пијам со сестра ми, а секогаш со моето милениче зајче.

Практикувам јога, медитација или афирмации секое утро пред започнување на работните обврски и секогаш прво „ѕиркам“ во себе пред да се сретнам со светот. Верувам дека денот не би можел да ни го донесе посакуваниот исход ако претходно немаме јасна намера и замисла, со балансирани чувства за истиот.

Секој ден ми е различен и исполнет со многу активности. Често патувам. Монотонијата и рутината не се за мене! Професорка сум по италијански јазик, но мојата најголема љубов е претприемништвото. Верувам во профит, а не во плата. Професионално се занимавам со мрежен маркетинг и го градиме најголемото движење од среќни, исполнети и слободни луѓе во Македонија, а и низ светот.

Ме мотивираат среќата на другите и предизвици. Секој од нас поседува бесконечен потенцијал, треба само да го отклучиме и да бидеме доволно храбри да се бориме за нашите соништа, колку и да се најлуди!

Денот ми завршува релаксирајќи се или дружејќи се со најмилите, а помеѓу книга и филм апсолутно ги бирам книгите, особено оние за личен развој.

* Тања Бошкова, професорка по италијански јазик и претприемач