Утринско кафе со Васко Мамучевски: Ме мотивира желбата за успех
Денот ми започнува најпрво со утринско кардио од 45 минути, а потоа со припрема за работните обврски кои ми претстојат. Утринско кафе не пијам, туку го заменувам со протеински шејк.
Најпрво ме мотивира желбата за успех и секако превземањата на нови предизвици во животот.
Дневните планови ми се насочени кон исполнување на работните обврски и секако два пати дневно тренирање. Исто така и изработка на планови и програми за вежбање на сите заинтересирани со соодветен избалансиран режим на исхрана и соодветна суплементација.
Обично поради многубројните обврски и напорните тренинзи денот ми завршува со малку одмор и опуштање на кафе со добро друштво.
Кога имам слободно време сакам да прочитам некоја книга, меѓутоа почесто знам да се опуштам со некој добар филм особено за време на викенд.
(*Васко Мамучевски, вработен во МВР на РМ, бодибилдер)