Вака денес изгледа фаталната југословенска манекенка на која ѝ е посветена песната „Остани ѓубре до краја“: Безмилосно го остави и се омажи за друг
Малкумина знаат дека Бора Ѓорѓевиќ, фронтменот на бендот „Рибља чорба“, дури и посветил три песни на една жена. Најпозната е секако песната „Остани џубре до краја“, која е објавена на култниот албум „Кост у грло“ од 1979 година.
Станува збор за Билјана Невајда, една од најубавите
Југословенки. Русокосата манекенка била меѓу најпопуларните девојки во текот на
седумдесетите години на минатиот век.
Бора за прв пат ја видел Билјана додека ја свирел песната „Лутка са насловне стране“. Десетина дена подоцна отишол во Сплит каде повторно ја сретнал и целосно се вљубил во фаталната убавица.
Започнале романса, но врската „пукнала“ по 6 месеци, како што тогаш изјави Билјана, бидејќи никогаш не можела целосно да му верува.
Невајда набрзо решила да го продолжи животот во Сараево, а му се јавила на Бора да се прости од него.
Емотивно повреден, рокерот ја напишал култна песна во кафулето каде се простиле.
Билјана заминала од Белград во Сараево, поради нова љубов со кој добила дете.
Песната ја слушнала пред да излезе албумот „Кост у грло“ од 1979 година.
„Беше вечер. Засвони телефонот, се јави Бора. Ме замоли да се сретнеме под липата за да ми ја прочита песната што ми ја напишал. Се спремив и одам да го видам, кога таму... Исто како во песната: „Додека стои на шанк делумно пијан, малку се мрази себеси и другите, го убива полека коњакот, цигарите“. Се насмеав... Седнавме на масата и тој уште пијан ми читаше од неговата позната тетратка во која пишуваше стихови: „Јас не сум од тие што кукаат, те немам веќе и што се може, барем насмевни се кога ќе ме видиш, остани ѓубре до крај!“. На почетокот тоа „ѓубре“ ми звучеше малку грубо, но кога сфатив дека „ѓубрето“ е всушност опасна, феноменална личност од која е маѓепсан, а таа безмилосно го напушта, песната дефинитивно ми се допадна! Сепак, тоа беше се. Во тој момент таа не предизвика никаков шок кај мене. Се сеќавам дека бев дури и рамнодушна кога ми ја пуштија песната на свадбата. Воопшто не ме допре“, изјавила тогаш Билјана.
Таа откри дека ладно реагирала на овие стихови бидејќи во тоа време била длабоко заљубена.
„Помалку од два месеци по таа вечер, отпатував за Сараево за мојата љубов. После тоа за мене започнува сосема поинаков живот. Го заборавив и Чорба и се што дотогаш ми се случуваше во животот“.
Инаку, Билјана Невајда во светот на манекенството влезе во 1968 година, а пред тоа се занимавала со гимнастика.
Снимила триесет реклами во Словенија, а во Дубровник патувала и до пет пати месечно.
Билјана Невајда се уште е во брак со човек од Сараево поради кој го напуштила Бора.
Фото: ФејсбукИзвор: Zena.blic.rs