Вака изгледа Снежана Ѓуришиќ во реалноста: Ѝ се исклучи филтерот додека се снимаше, па случајно го покажа природниот изглед (ФОТО)
Познатата пејачка Снежана Ѓуришиќ (64) се снимаше за социјалните мрежи со популарните филтри на Инстаграм, а во еден момент покажа како изгледа без нив.
Филтерот на Снежана случајно се исклучи, па сите можеа да ја видат нејзината природна верзија, без грам шминка.
Со овој потег пејачката поттикна голем број на пораки, а некои и порачаа дека изгледа подеднакво убаво и во двете верзии.
Инаку, пејачката долго време е член на жирито на „Ѕвезда Гранда“ и често се сеќава на своите почетоци кога на сцената гледа млади изведувачи.
- Многумина не би поверувале, но кога ќе ги видам сите во конкуренција, во одреден момент се гледам таму и тоа е причината што не сум строга со нив - изјави неодамна Ѓуришиќ и додаде дека својот наследник го нашла во тој натпревар:
- Можеби е Сандра Младеновиќ, таа е најблиску до она што го работам. Би сакала да остане таква каква што е, таа е убава девојка и пејачка.
FOTO: INSTAGRAM, SNEZANA.DJURISIC_ / SCREENSHOT