Вака звучеше и изгледаше Лила пред 20 години: Нејзиното деби како пејачка
Ретко кој во земјава па и на Блаканот не слушнал за најпознатата наша водителка и инфлуенсерка Лила Филиповска. Таа важи за дама која е секогаш стокмена, а пред се‘ силна жена која надмина многу работи, го надмина и ракот на дојка и стана инспирација за многу жени во земјава но и во Регионот.
Но, колкумина знаат дека таа пред две децении се проба и во музиката.
На почетокот на 2000-те, Лила сними неколку песни, а имаше и видео записи и настапи.
„Кој се сеќава на моето музичко деби пред 20 години?! Песната е автобиографска, текстот е мој, а музиката и аранжманот на мојот пријател Роберт Саздов“, напиша под краткото видео кое го објави на Инстаграм водителката.
Се сеќавате ли вие на нејзината музичка кариера?
Фото: Инстаграм - Лила Филиповска
Стил на денот: Лила Филиповска демонстрира како се носат црни мини фустани на овие тропски горештини