Ваква природна убавина од Македонка е штета модно да киксне: А тело ремек- дело
Дали знаете што е модна критика? Ако одговоривте потврдно на ова прашање, веројатно не сте целосно во право. Во денешно време, кога на клик-два е достапна голема количина на модни содржини, наидуваме на голем број лични погледи за работата на поединечни дизајнери, формирани само низ призмата на личните вкусови и преференции.
Модната критика бара многу повеќе знаење и умешност, што подразбира широка едукација на критичарот, не само во областа на модниот дизајн, туку и способност да го стави делото на одреден креатор или модна куќа во многу поширок социолошки контекст.
Модата, односно специфичен моден опус, најчесто модна ревија, не може да се коментира без контекст. Без разлика дали се работи за историјата на брендот, биографијата на авторот, поединецот или темата на колекцијата, на сè мора да се даде поширока перспектива.
Модата, односно специфичен моден опус, најчесто модна ревија, не може да се коментира без контекст. Без разлика дали се работи за историјата на брендот, биографијата на авторот или темата на колекцијата, на сè мора да се даде поширока перспектива.
Кога се критикува моден (и не само моден) феномен, колекција или одредена јавна личност мора да се оди подалеку од личниот став на нешто што му се допаѓа или не.
Токму сегаде во светот познатите ѕвезди се најчесто коментирани и поради нивната облека. Тоа не секогаш е насочено во лоша или добра конотација, туку конструктивна, но издржана кртика која треба да се сфати добронамерно.
Во Македонија немаме многу модни кртичари- па скоро ич. Но тоа не значи дека немаме модни познавачи кои на памет ја знаат историјата на модата, модни трендови, што се носи, што е актуелно, како треба некој да изгледа за соодветно место, настан, сцена, што чини, а што не чини во еден изглед или колекција. Но овде сето тоа се сваќа толку трагично како да зборуваме за проект на НАСА или нуклерана физика. Затоа и ретко се коментира, а треба. треба затоа што овдешните познати ѕвезди не секогаш го оправдуваат својот стил и го задржуваат во континуитет. Кога велиме го оправдуваат, тоа значи облечени секогаш перфектно, сето тоа направено со стил и креативност. Секој има различен стил, но токму модната критика е таа која посочува дали се движи во соодветна насока.
Не сме далеку од вистината дена околните земји (не одиме подалеку) и нивните ѕвезди одамна ги преминаа границите на стил кој освојува, а сето тоа да е спакувано одлично. Не сите се разбира, но одредени примери се и светски примери за фантастично облекување. Ние пробувавме и пробуваме, но сето тоа како да е некако недоволно, неадекватно, по линија на помал отпор или се преминува секоја линија на стил во вистинска смисла... А, имаме убаво облечени- но како да е некако стиснато, стегнато, па што ќе речат другите... Тимови од стотина луѓе се во прашање кај планетарните ѕвезди, кај нас знаеме како оди тоа. Еден, фризер, еден шминкер, еден дизајнер, а може и бутик, најчесто без консултација од стилисти или модни познавачи. Сцената бара оригниалност и тоа е ултимативно...
Фолк дивата Сузана Гавазова има тело од милион долари- природно. И таква убавица не се раѓа често, а притоа да пее одлично. Гавазова има големи осцилации во стилот- еднаш ќе ја видиме облечена до перфекција, друг пат навистина разочарувачки. И сама е свесна дека изгледа одлично и дека на такво тело, а посебно за на сцена ѝ треба стил кој покрај тоа што ќе и ги истакне облините и сексипилот, ќе создаде магија од отмен гламур со кој може да си игра, ама на вистински начин. Атрактивноста кога е во поглед нејзината фугура веќе ја има, на стилот треба да се поработи. Затоа таа тоа го заслужува!
Сето ова што го кажуваме е гледано низ призмата на добриот стил и облекување за кое треба да се води семетка. И ништо не е лично, напротив! Малку повеќе умешност во изборот, никако импровизации и секако- доза на екстраваганција која би ѝ прилегала совршено.
За овие нејзини изгледи велиме НЕ, бидејќи немаат ни приказна, ни почеток ни завршница. Неусоглаени материјали и детали... Облека која не остава трага за да биде запамтена, освен по лошо...
А, видете ја кога тоа е на многу повисоко ниво:Н. Толески