Вакво тело не доаѓа само по себе: Ирина вежба секој ден по два часа, а ќе се изненадите од тоа што јаде манекенката
Ирина Шајк заработува за живот благодарение на нејзиниот добар изглед, па затоа многу сериозно ги сфаќа вежбањето и исхраната.
Ирина Шајк овие денови ги поминува на јахта на Ибица. Ослободена од притисокот на јавноста и папараците кои будно ја следеа за време на врската со Бредли Купер и Канје Вест, манекенката максимално се одмара.
фото:profimedia
А додека таа го покажува своето совршено тело во бикини на плажа, не можеме а да не ѝ позавидиме. Но, свесни сме дека ваквото тело „не доаѓа само по себе“, па не' интересираше што јаде Ирина и како вежба?
Во манекенските кругови важи за расна убавица со оглед на тоа што ги зачувала природните облини на своето тело. Гледајќи ја ни се чини дека е толку едноставно и природно изгледа вака, но вистината е дека Ирина многу внимава што јаде и како вежба. Во неколку интервјуа изјави дека има брз метаболизам и дека килограмите не ѝ се лепат толку брзо, но дека секогаш внимава што консумира.
фото:profimedia
Дојдовме до нејзиниот план за исхрана и изгледа вака:
Појадок: Варено јајце, тост и авокадо.
Ужина: супа
Ручек: Пилешко бело месо, зеленчук на скара
Вечера: Салата и супа.
Само тоа? Да, само тоа...
А како вежба Ирина Шајк?
Ирина неколку пати спомна дека обожава да вежба. Таа сака да се поти и го сака тоа чувство на исцрпеност по напорниот тренинг. Но, како функционира Ирина Шајк?
Моделот комбинира бокс, боречки вештини, кардио тренинг и различни форми на вежбање.
Четири пати неделно вежба џиу-џицу (јапонска вештина на самоодбрана), еднаш неделно задолжително оди на прошетка, еднаш неделно прави силен кардио тренинг.
Шест дена во неделата има силни тренинзи кои траат по два часа, па во недела одмара, но тој ден за одмор мора да оди на долги прошетки.
Па, ако сакате тело како Ирина Шајк - не се штедете, туку упатете се на тренинг!
извор:stil.kurir