ВАНЧО БЕШЕ НАСМЕВКАТА: Димче Мешковски се присети на колегата

Добивај вести на Viber

Легенадрниот актер Димче Мешковски, се присети на дружбите со својот колега Ванчо Петрушевски, кој почина во саботата, од струен удар во својата викендичка во скопско Орешани.

„ Ванчо беше насмевката. Тој најмногу не веселеше. И на претставите, и по нив, и додека се збиравме овде во бифето на Драмски театар да играме табла“, изјави Мешковски во интервју за „Женски магазин“ пред неполни два месеци. Актерот веќе четири години со сопругата живее во Санта Моника, САД. Најголемата причина е неговата внука Леона од ќерката Јасна, но и напредната медицина која му ги олеснува здравствените проблеми.

„ Овде, во театарското бифе е моето легло. Тука се збиравме со Ванчо, Гоце, Дади, Стево Спасовски, Коле Ангеловски. Доаѓаа актери и пејачи од цела Југославија, тука мезевме убав пинџур со домашна ракија, игравме табла и пеевме песни. Сега, се помалку и помалку актери доаѓаат овде. Таа дружба меѓу колегите е многу битна за да опстои и за да расте еден театар, и за да има квалитет и можности за подобри претстави“, ни рече Мешковски.

Ванчо Петрушевски беше дел од водителската екипа на познатото скопско „Скај радио“.- со Гоце Тодоровски, Ранко Петровиќ, српскиот пејач Ѓорѓе Марјановиќ, и со сопственикот на радиото Дејан Цветковиќ по манифестацијата „Скај, Оскар на популарноста“ во Скопје на почетокот од деведесетите 

Многу колеги на социјалните мрежи се простуваат од актерот, кој беше миленик на повеќе генерации. Вчера, во Драмски театар се одржа комеморација за Петрушевски. Емотивен говор одржа Гоце Тодоровски кој рече дека кога и тој ќе замине на небото, со Ванчо ќе си направат “Театарче лево ќоше“. 

Ванчо, заедно со Гоце Тодоровски беше дел од екипата на „Скај радио“, популарно скопско радио од деведесетите, каде што свои емисии имаа повеќе домашни познати личности. 

М.Џаровска