ВАЖНА ВЕСТ ОД ГРЧКИТЕ ВЛАСТИ, А ГИ ЗАСЕГА МАКЕДОНЦИТЕ: Рипа цената на одморот во Грција! Еве што поскапува и кои се новите цени

Добивај вести на Viber

Грчката влада има намера да ги зголеми туристичките даноци и очекуваниот приход од 600 милиони евра да ги насочи кон фондот за санација на штетите предизвикани од климатските промени, изјави премиерот Киријакос Мицотакис.

Туристичката такса за најевтините ноќевања во апартмани, наместо досегашните 0,5 евра за ноќ, годинава ќе изнесува 1,5 евро, а данокот за ноќевања во хотели со пет ѕвезди ќе се зголеми од четири на десет евра за ноќ, јавуваат Сибиз портал (SEEbiz).

Мицотакис додаде дека приоритетите на овој фонд ќе бидат „најбрза можна мобилизација за спасување животи во катастрофите со кои ќе се соочиме во иднина“, како и обезбедување финансиски средства за одбрана од климатската криза.

По разорните пожари во јули, а потоа и на крајот на август, кои опустошија повеќе од 150.000 хектари, Грција на почетокот на септември беше погодена од катастрофални поплави.

На Фејсбук страницата „Грција во живо“ неодамна беше објавено и колкав ќе биде новиот данок на туристите во Грција.


Детално читајте тука.