Важно ни е да имаме вистински решенија за сите клиенти, а ние тоа најдобро го правиме: Разговор со Теодора Боздиќ-менаџер на корпоративни клиенти во Кроациа осигурување неживот
За предизвиците во работата, но и за тоа што е најважно да им се каже на граѓаните кои се јавуваат и интересираат за осигурување разговаравме со Теодора Боздиќ, која е Менаџер на корпоративни клиенти во Кроациа осигурување неживот. Таа зборуваше и за најчесто поставуваните прашања и дилеми кај постоечките и потенцијалните клиенти, кои се упатени до контакт центарот на Кроациа.
*Кој дел од вашата работа најмногу го сакате, а за што сметате дека ви е најголем предизвик?
Да успеам да помогнам на луѓето на кои им е неопходен совет за тоа каков тип осигурување да одберат. Да успеам да ги насочам кон нивните вистински потреби. Како дел од тимот на Кроација, една од предностите е што правиме посебни понуди за секој клиент според индивидуалните потреби. Навистина е предизвик преку запознавањето со проблемите на клиентите да им помогнам да се чувствуваат заштитени и да знаат дека во секој момент имаат помош од наша страна. За ова е пресудно да се има искрена и јасна комуникација врз која се темели довербата.
*Што е најважното што треба да им се каже на граѓаните кои се јавуваат и интересираат за осигурување?
Дека осигурувањето е инвестиција со којашто се избегнува неизвесноста. Секој од нас точно знае што е за нас вредно и на каков начин сакаме да го заштитиме. Да се живее во неизвесност е навистина тешко, а ако можеме да се осигуриме дека има излез од некое лошо сценарио, тогаш секако е полесно да се справиме со сите предизвици.
Затоа секој наш клиент точно знае што добива со нашите производи, без оглед дали станува збор за осигурување на нивното возило, здравјето, имотот, домот, движниот и недвижен имот што се дел од нивниот бизнис. Лично ми се допадна проактивноста на мојата компанија Кроација за онлајн процес за аплицирање за полиса, што е значајно посебно во услови кога имаме пандемија. Со компанија како Кроација клиентите се сигурни дека податоците се заштитени согласно законот за заштита на лични податоци.
*За што најчесто добивате повици во контакт центарот и кои се најчесто поставуваните прашања и дилеми кај постоечките и потенцијалните клиенти?
Добиваме разни повици, но знаеме да одговориме на сите проблеми кои произлегуваат. Затоа сме тука, да помогнеме. Треба да се разбере дека осигурувањето е всушност партнерство со клиентите, еден вид синергија, заеднички однос и градење доверба. Таа доверба се гради само ако сте достапни и брзи во решавање на проблемите. Контакт центарот е постојано, секој ден активен и достапен за сите прашања и на сите барања одговараме и овозможуваме целосна информација. Често пати тоа се прашања и барања за начинот за пријава на штета, издавање нова полиса како растечка во однос на веќе постоечката која клиентот ја поседува, како и за дилемата меѓу финансиската исплатливост, квалитетот и премијата која би ја платиле за полиса за осигурување. Флексибилно извршување на обврската кон поставеното барање или прашање, е клучна за вработените затоа што целата наша работа се базира врз информираноста на граѓаните за сите нивни потреби и барања.
*Постоечките и потенцијалните клиенти Ве контактираат за да добијат појаснување за поединечните видови и елементи на полисите и услугите. Како пристапувате кон ова за секој да може да разбере, бидејќи светот на осигурувањето често знае да биде сложен и збунувачки за широката јавност?
Нема голема филозофија во осигурувањето, а еден е начинот на објаснување – што клиентот добива за одредена услуга. Ние одиме чекор понапред бидејќи сме тука и како консултанти, секогаш подготвени за нови барања на клиентите. Нашата работа е поврзана со вредноста на осигурените нешта, значи работиме со нешто што на клиентите им е највредно и тоа се врзува со финансии. Затоа мора внимателно да се разгледува секој случај и постапуваме соодветно на секое барање. Нема исти клиенти, не треба ни да има, важно е да има вистински решенија за сите нив, а ние тоа знаеме најдобро да го направиме.
*Каде можат да се обратат сите заинтересирани за да стапат во контакт со вас и да добијат најсоодветна понуда, според нивните потреби и можности?
Тука сме за сите прашања, подготвени сме со одговори. Слободно може да не побараат во Контакт центарот на телефонскиот број 15510, или преку електронска пошта на адреса contact@crosig.mk, а отворена е опцијата и за посета на нашите филијали.