Вчера навршија 27 год. од смртта на принцезата Дијана: А ова на сликата е жената која најмногу ја сакаше
Принцезата Дијана - која се омажи за британско кралско семејство- конкретно со сека веќе кралот Чарлс, за подоцна да се разведе од него - се посвети на добротворни цели и стана глобална икона пред да умре во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година на 31 август. Кога се омажи за Чарлс во 1981 година, Лејди Дајана Спенсер стана првата Англичанка која се омажила за престолонаследник по повеќе од 300 години. Иако нивната венчавка ја следеа милиони ширум светот, а од нивниот брак се родија два сина - и двајцата потенцијални наследници на тронот - Дијана можеби најдобро се памети поради нејзината прерана смрт.
Френсис Рут Шанд Кид (претходно Спенсер, 20 јануари 1936 - 3 јуни 2004 година) бeше мајка на Дијана, принцезата од Велс.
Таа беше баба по мајка на Вилијам, принцот од Велс и принцот Хари, војводата од Сасекс, соодветно прв и петти во редот на наследството на британскиот престол.
По нејзиниот развод од Виконт Алторп во 1969 година и смртта на Дијана во 1997 година, Шанд Кид ги посвети последните години од својот живот на католичката добротворна работа по нејзиното преобраќање во католицизам.
Никогаш не ја преболе Дијана. велат дека секојдневно одела на гробот и седела таму со часови. За нејзината ќерка велеше дека е злато од дете и дека е токму таква каква што ја перцепираат сите- слободна во говор, во начин на однесување и дека најмногу од се сака да помага.
Во 1996 година, ѝ беше забрането да вози откако беше осудена за возење во пијана состојба, но негираше дека има проблем со алкохолот. Таа и Дијана се скараа во мај 1997 година, откако таа кажа за Hello списанието дека Дијана била среќна што ја изгубила титулата „Кралско височество“ по нејзиниот контроверзен развод со принцот Чарлс. Таа наводно не разговарала со нејзината ќерка до моментот на смртта на Дијана. И за тоа се каеше најмногу.
Подоцнежните години ги поминала во осаменост на Сеил. Таа стана католик и се посвети на католичките добротворни цели. Таа на крајот се вклучи во HCPT - Домот на Хосана и Детскиот аџилак, Кралската национална мисија за риболовци во длабочините на море, Здружението на риболовци Малаиг и северозападниот дел и Националното здружение за кучиња за пребарување и спасување.
Во октомври 2002 година, кога Френсис го напуштила својот шкотски дом за да сведочи на судењето на поранешниот батлер на Дијана, Пол Бурел, провалници ја нападнале нејзината куќа и и го украле накитот.
Фото: Инстаграм