Вечната и морална поддршка на царот: Царицата на „Македонските народни приказни“ Шенка Колозова наполни 77 години

Добивај вести на Viber

Актерката која преку епизодите на „Македонските народни приказни“ нè учеше на чесност, добрина и мудрост, а во исто време играше царица, чорбаџика домаќинка и лоша маќеа, а му беше вечна и морлана поддршка на царот, Шенка Колозова, наполни 77 години.

Како една од најдобрите актерки, но и како докажан драматург и сценарист нејзиниот раскошен талент доминираше од раните '70ти и во следните 40 години и создаде име кое народот на Македонија засекогаш ќе го изговара со почит.

Дипломирала на Катедрата за јужнословенска книжевност при Филозофскиот факултет во Скопје. Целиот работен век го поминала како професионална актерка во народните театри во Штип и Куманово, а подоцна и во Македонскиот народен театар од Скопје, каде се пензионирала. Во кариерата одиграла над 100 премиери во трите народни театри, и уште 16 премиери со приватниот театар „Колозов“. Таа има одиграно илјадници претстави во Македонија. Најзначајни театарски улоги на Колозова се во претставите „Свирачот на покрив“, „За сите мои синови“, „Електра“ на Еврипид (во улогата на Клитемнестра), „Сè за градината“, „Печалбари“ и други. Покрај глумата, таа е автор на бројни сценарија и драматизации, меѓу кои и Цепенковите народни приказни.


Таа своите пензионерски денови ги поминува во село Велестово, Охрид.

Среќен роденден!

Фотo:facebook