Актуелно // Insta вести
„Вечно нека ти е името синко мој“: Павле Камилоски му направи крштевка на синот на Галичник
- 14 Јуни, 2024
Ирина и Павле Камиловски направија крштевка за синот Јосиф, токму на големиот празник Спасовден. Црквената церемонија се одржа во црквата Св. Петка во Галичник од каде што потекнува и семејството на Павле.
„Вечно нека ти е името синко мој“, напиша Ирина.
Во кругот на најблиските Ирина и Павле направија мала веселба во чест на малиот Јосиф кој за неколку денови ќе полни една годинка.
Фото: Инстаграм