Веднаш ги заборави сите грижи: Георгина за Божиќ му подари скап автомобил на Роналдо (ВИДЕО)

Георгина Родригез добива околу 100.000 евра месечно од Роналдо за воспитување и грижа за децата и домот, напиша своевремено „The Sun“,  што всушност е мала работа за Кристијано.

Кристијано Роналдо (37) зад себе имаше неколку тешки недели и месеци. Португалецот остана без работа откако го раскина договорот со Манчестер Јунајтед, а неговата Португалија испадна во четвртфиналето на Светското првенство од Мароко.

Се почесто се шпекулира дека еден од најдобрите фудбалери на сите времиња кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија, а моментално за време на празниците одмара со семејството.

Неговата партнерка Георгина Родригез (28) одлучила да го почести за Божиќ со луксузен автомобил Ролс Ројс.


Роналдо има огромна колекција на скапи автомобили. Има неколку Ferrari од кои секое чини најмалку 280.000 евра, тука се и Lamborghini Aventador, Bentley Continental GT, Porsche 911, Audi R8 и многу други.

Сепак, Ролс Ројс автомобилот кој му го подари неговата сакана Георгина можеби е новиот омилен автомобил на Кристијано.

Да потсетиме, Марка минатата недела објави дека Роналдо ќе потпише договор со саудискиот клуб Ал-Насри. За нив би играл до 2025 година, а годишно би заработувал 200 милиони евра.

извор:24sata