Венко Андоновски- Ве молам: најдлабоко молкнете во виолетова тага за Вања, а од молкот излезете со желба да му се спротивставите на злото
Македонскиот писател Венко Андоновски со пишан збор и во него стил, емотивно и поучно ја прокоментира ситуацијата која ја засега цела македонска јавност. Никој не е рамнодушен по грозморниот чин во кој беше убиена 14-годишната Вања.
„По она што се случи, тешко е човек да верува дека на овој свет сме дојдени за убавината, за добрината, за љубовта. А јас секаде така пишувам. Демнатиран сум од грозното лице на најсуровата стварност!“, пишува Андоновски.
„Ѕверот излегува од човекот и влегува секаде: капиларно, по пат на осмоза го има во медиумите, социјалните емдиуми, собранијата, плоштадите, банките, дури и на улица, меѓу случајните минувачи. Драги мои како мото на мојата книга раскази „Припитомување на кучката“ напишав мисла од Ава Антониј Египетски: „Ќе дојде време кога луѓето ќе полудат, и кога ќе видат некој кој не е како нив, ќе му речат – ти си луд, ти не си како нас“, стои во објавата на македонскиот писател.
„Времето е дојдено. Времето на пресметката со злото. Ве молам, секој од нас нека го држи ѕверот што го носи во себе во сигурен кафез. Ве молам: најдлабоко молкнете во виолетова тага за Вања, а од молкот излезете со желба да му се спротивставите на злото. Зошто кој денес со рамнодушност гледа на злото, наскоро ќе почне и да му се радува, и да го прави“, напиша Андоновски.