ВЕРА ЈАНКОВИЌ: Кога патувам сум вечно млада

Добивај вести на Viber

Водителката, новинарка и диџеј Вера Јанковиќ вели дека патувањата се нејзината најдобра инвестиција. Откако зимава по трет пат и се врати на Барселона и повторно ја посети Италија, Вера завчера се врати од одмор на грчкиот остров Амулијани.

За неа, ова место е фантазија од мириси и од звуци.

„ Амулијани беше љубов на прв поглед, откако го видов пред 3 години. Тоа е островот со сите нишани, она парче земја што ми ги овозможува сите овоземни задоволства. Недопрена природа, кристално море и магични плажи, мир, магија која се чувствува во воздухот дирекно од Атос. Ми стана база  за уживање, одмор и релаксација која ми полни батерии пред почетокот на официјалната сезона. Секогаш ќе му се навраќам. Тоа е фантазија од мириси и звуци, дури и мочуриштето и комарците му даваат посебен  шмек на овој морски бисер. Гостопримството на Софија е посебна приказна. Таму сум своја на своето“, ни раскажа Вера. Во претходно интервју за Женски магазин, таа изјави дека патувањата се нејзин извор на енергија и на креативност.

Амулијани беше љубов на прв поглед, откако го видов пред 3 години. Тоа е островот со сите нишани, она парче земја што ми ги овозможува сите овоземни задоволства

„ Само она што ќе си го вложиш за себе останува до крај како гориво за она што ти претстои понатаму. Токму таа ме прави вечно млада и спремна за секој нов предизвик. Викај ураааа и собирај пари за следната авантура. Годинава по трет пат и се вратив на Барса, мислам дека таму сум живеела во минатиот живот. На крајот крајот на август веројатно одам за Португалија. Можеби и концерт на единствените “Депеш моуд“ по четврти  пат во Мадрид, не е така лоша идеа, а ? Животен сон ми е Виетнам“, раскажа Јанковиќ. 

М.Џаровска