(ВИДЕО) ЕМОТИВНО: После 24 години родители од Кина си ја најдоа изгубената ќерка
Брачен пар од Кина прв пат после 24 години ја видел својата ќерка која изчезнала во 1994 година, кога имала три години.
По повеќегодишна неуморна потрага на Ванг Мингчинг и неговата сопруга Лиу Денгиг за ќерката Чифенг, Ванг почнал да вози такси со надеж дека еден ден неговата ќерка ќе влезе токму во неговото возило.
Брачниот пар се занимавал со продажба на овошје на тезга во југозападен кинески град, а еден ден, Ванг останал без ситни пари, и накратко отишол до соседната тезга за да би можел да му врати кусур на купувачот, пренесува БиБиСи.
Кога се вратил после неколку минути, не можел да ја пронајде својата ќерка, јавиле кинеските медиуми.
Ванг и неговата сопруга кои имаат уште една ќерка и син, со години трагале за Чифенг во нивниот роден крај и околни области и никогаш не го напуштиле тој град со надеж дека нивната ќерка еден ден ќе го најде патот до дома.
Кинеската полиција во текот на годините идентификувала повеќе жени за кои мислеле дека би можеле да им биде ќерката, но ДНК тестовите го покажувале спротивното.
До напредок дошло лани, кога полицискиот цртач слушнал за тој случај и одлучил да му помогне на семејството со тоа што ќе нацрта како Чифенг би можела да изгледа како возрасна личност.
Цртежот кружел по интернет, додека илјадници километри оддалечената Канг Јинг не го видела и останала шокирана со тоа колку девојката од цртежот потсетува на нејзе.
Стапила во контакт со Ванг неодамна и набрзо се подлегла на ДНК тест.
Овој пат, резултатот бил позитивен -Ванг конечно ја нашол својата одамна изгубена ќерка.
Погледнете ја средбата на мајката и ќерката: