(ВИДЕО) Иако боледува од Алцхајмер и заборава, Невена Кочовска од срце запеа со сопругот и ќерката како во старите добри времиња
Алцхајмеровата болест ја нарекуваат убиец на сеќавањата. Болниот доаѓа до ситуации кога не ги препознава најблиските.
Сестрите Лидија и Тања Кочовски, не кријат дека нивната мајка, Невена боледува од Алцхајмер, болест која се манифестира со намалување на дневните активности и когнитивните способности, односно моќ на спознавање. Карактерот на болеста полека го уништува не само болниот, туку и неговото семејство. Првите симптоми на деменција нивната мајка ги добила пред пет години, а од неодамна состојбата беше многу влошена.
Лидија Кочовска во интервју за Женски магазин, неодамна сподели дека понекогаш Невена не го препознава нејзиниот сопруг, Панче Кочовски, или ги заборава имињата на Лидија и Тања, но никогаш не заборава дека се нејзини ќерки, а исто така и дека се случува да се сети на текстовите од песните кои ги пеела.
А токму на Бадник, Невена ја запеа нивната омилена празнична композиција заедно со сопругот и ќерката.
Лидија е пресреќна што паричката се паднала во мајка ѝ, а сподели и видео од моментот кој ќе ви ги стопли срцата, слушнете:
Инаку Невена и Панче Кочовски беа дел од легендарниот ансамбл „Мањифико”, кој стана свестки популарен, со обработките на латино-американските песни. Свиреа пред Јосип Броз-Тито и поранешниот мексикански претседател Лопез Матео. Одржаа повеќе од 3.700 самостојни концерти во повеќе од 30 земји во светот. Постарите генерации ги паметат како хуманитарци, кои направиле 42 концерти за настраданото Скопје во земјотресот во 1963 година.