(ВИДЕО) КАКОВ ПАД: Бијонсе и сестра и Соланж настапувајќи завршија на под

Добивај вести на Viber

Oткако пред две недели направи апсолутен спектакл на фестивалот Коачела, Бијонсе и минатиот викедн имаше настап кој сигурно долго ќе се памти.

Музичката дива Бијонсе за овогодишниот настап на фестивалот Коачела се подготвувала како за ниту еден настап досега, а на крај сѐ се исплати. Беј огромната сцена во калифорниска Индија ја завладеа во комбинација на Баленсиага инспирирана од Клеопатра и го отвори настапот со важно марширање со придружба на танчарка при што го запеа својот хит  'Crazy in love' пропратена од лимен оркестар. Исто така со овој настап музичарката се запиша во историјата како прва Афроамериканка која имала водечки настап на овој култен фестивал.


Скоро идентичен спектакл кралицата направи и во калифорнискиот град Индија каде на сцена и се придружи и сестрата Соланж како заедно би го извеле хитот 'Get me bodied'. Во еден дел од кореографијата која ја следеше песната, Бијонсе требало да ја фати и подигне Соланж, но не само што не успеала во тоа, туку и двете паднале на сцена. Публиката на тоа реагирала со огромен аплауз и смеа, а сестрите лежејќи на сцена мафтале со нозе правејќи се дека се е во ред. Јасно, тој момент го зебележаа сите камери, а снимката веднаш стана вирален хит.