(ВИДЕО) На 104 години рецитираше песна од детството без грешка: Тајната на долговечноста на Франциска Млакар
Бабата Франциска Млакар е родена на Денот на вљубените во 1915 година во Хрватска, и вчера го прослави својот 104 роденден. Таа живее во Домот за стари лица „Здружение Mарија“ во местото Чрет во Хрватска, а персоналот и штитениците од домот нагалено ја викаат баба Фаника, пишува „24 сата“.
На нејзиниот роденден вчера, најмногу ја израдуваа децата од едно основно училиште од Краписнке Топлице, а и од едно во Загреб, и таа ги израдува нив.
Баба Фаника рецитирала без грешка, а и децата од едно основно училиште од Загреб, за неа подготвиле песничка.- Фото: Загорје Интернационал
Бабата ги изненади учениците со песна која ја научила уште додека таа била во основно училиште, и сега по толку години, уште ја знае на памет. Полни четири минути, Франциска ја рецитирала песничката без да згреши ниту еден стих. И децата, за неа подготвиле песничка, а ѝ упатиле и честитка со сто убави зборови, која е дел од традиционалната акција на учениците од основното училиште од населбата Волтино од Загреб.
Франциска Млакар е родена во местото Чрет близу до Крапинске Топлице и целиот свој живот го поминала таму. Таа и сопругот главно се занимавале со земјоделска работа, а имале пет деца. Живи од нив се само уште две ќерки.
„ Нејзината долговечност е најдоброто што Бог ни го подари на сите нас. Таа остана скромна, трпелива, во неа има многу љубов за сите, не само за луѓето, туку и за животните, а најмногу спрема нас, нејзините деца. Моите мајка и татко имаа добар брак и беа среќни. Татко ми почина на 77 години. Остана без двете нозе, мама се грижеше за него. Со ноќи не спиеше, будна седеше крај него“, раскажала ќерката Ѓурѓа Пучек за „Загорје Интернационал“.