(Видео) Новата песна и спот на Павле Камилоски ќе ви ги пробуди сите сетилни страсти

Добивај вести на Viber

Македонскиот изведувач и уметник Павле Камилоски синоќа ја промовираше неговата трета авторска песна и видеоспот “Универзумот си работи за нас” на коктел забавата во Хотел Парк.

Спотот се одликува со многу страст и љубовен занес кој Камилоски го носи со убавицата Бојана Нушкова, а хармоничната мелодија на песната ја оживува оваа впечатлива емотивна инспирација.

Музиката, текстот и аранжманот за Павле ги напиша Александар Тарабунов, инаку негов близок пријател за кој Камилоски коментира- “Тара успеа да ја прикаже мојата природа во едно извонредно музичко парче кое од прва ми залепи на душа”.




Оваа љубовна композиција и страст ја режира Александар Ристовски- Принц, кој е воедно и видеопродуцент, а постпродукцијата ја изработува студиото на Тарабунов.

Придружниот вокал на Сара Пројковска го истакнува балансот во непосредноста во гласот на Павле, а минималистичкиот и префинет моден стил кој суптилно ја наметнува романтичната црта на Камилоски и Нушкова го остварува дизајнерката Малакамила.

Павле оваа година ја објави и неговата втора авторска песна и видеоспот “Љубовна рапсодија”.