(ВИДЕО) Посвоија бебе оставено во картонска кутија: Кога наполни 10 години, ги шокираше

Откритието десет години по посвојувањето ги зачуди.

Родителите кои, од било која причина, одлучуваат да го остават своето бебе, секогаш се срцепарателни и крајно трауматични за детето. Сепак, се случува и овие деца да успеат да изградат исполнети и среќни животи, а ваквите приказни можат да бидат многу трогателни и емотивни. Мекензи Вокер е едно од оние бебиња кои успеаја да го надминат нејзиниот тежок почеток.

Кога имала само еден месец, Мекензи била оставена во картонска кутија на железничка станица во Кина. За среќа, таа била пронајдена на време и однесена во дом за деца без родители. Таа поминала една година таму, сè до нејзиното посвојување во 2003 година од грижливо семејство од Тексас.


Нејзиното ново семејство, уште од времето кога Макензи била мала, сфатиле дека нивната ќерка има неверојатен талент за музика. Веднаш штом научила да зборува, таа ги запомнувала текстовите на песните напамет и пеела песни од почеток до крај. Тие сакале да го негуваат нејзиниот талент и кога таа наполнила пет години, ја однесле на часови по пеење, па дури ѝангажирале и менаџер.

Девет години откако ја посвоиле, во 2012 година, Мекензи доживела неверојатен момент, кој ја шокирал, во позитивна смисла, како и нејзините родители. Таа година, таа ја отпеала химната за Бејзбол лигата, каде била забележана од Марк Карман.

Карман е успешен продуцент кој и понудил на младата Мекензи, која тогаш имала само 10 години, договор за издавање на нејзин албум. Нејзините родители биле многу горди на неа, а таа иако била мала не го заборавиладомот за деца без родители и децата што се наоѓаат таму и решила да им помогне.

Ова неверојатна приказна погледнете ја во видеото:


Фото:printscreen/Youtube/CBN

Можеби ќе ве интересира:

Самохран татко посвои пет деца со посебни потреби