(ВИДЕО) РАСКОШНО: Еве како изгледа куќата во која ќе живеат Меган и Хари

Добивај вести на Viber

Британскиот принц Хари и Меган Маркл ќе се венчаат на 19 мај, а многумина се прашуваат како ќе изгледа нивниот дом.

Откако си ги собра работите од станот во Торонто, во кој ги поминала последните седум години Меган Маркл стигна во Лондон и започна да го уредува својот нов дом во кој ќе живее со принцот Хари.

Тие ќе живеат во куќата Нотингам Котиџ, која се наоѓа на имотот на Бакингамската палата, во која донеодамна жевееја принцот Вилијам и војвотката Кејт Мидлтон.

Бидејќи Нотингам има посебно значење за принцот Хари и во таа куќа живее сам во последните четири години, логично се покажало дека во неа ќе ја донесе и својата избраничка. Се работи за двокатна куќичка од цигли која има посебен влез и градина и е обиколена со дрвена ограда и зеленило.

Внатрешноста на домот на овој пар уште не е достапна до јавноста, но се препоставува дека е уредена во стар англиски стил, препознатлив по користењето на циглите и рустичните елементи,  во кои доминира дрвото.




Megan Markl i princ Hari, Foto: EPA/Stringer